×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Протестираа жителите на Пчиња, бараат да се реши проблемот со депонијата „Краста“

    18.06.2024 15:36 | Сузана Николиќ

    Жители на кумановските села Пчиња, Студена Бара и Вак`в денеска излегоа на протест и неколку часа го  блокираа влезот на депонијата „Краста“, незадоволни што надлежните од ЈП „Чистота и зеленило“ не реагирале на време и дозволиле да се запали сметот, поради кој од утринава се душат во чад.

    Протестираа жителите на Пчиња, бараат да се реши проблемот со депонијата „Краста“

    Тие тврдат дека пред три дена ги известиле надлежните дека има пожар на долниот дел од ѓубриштето, но не било преземамо ништо тоа да се спречи. 

    „Депонијата се запали синоќа околу 22 часот. Да не беше месното население, пожарот ќе направеше пустош на житните култири, и ќе се проширеше кон селото. Излезе народот навреме со сопствена маханизација, трактори, и со лопати го гасневме пожарот до 3 часот утринава. Никој од надлежните досега не излезе да каже што ќе се случи. Населението се гуши од густиот чад, не се диши во селата, а никој не презема ништо. Причина за пожарот е несоодветното работење, а за тоа разговаревме со претседателката на советот и со сите советници, но никаква полза од тоа“, вели Александар Илиевски, претседател на месната заедница во селото Пчиња.

     На депонијата Краста се изнесува ѓубрето од Куманово, па мештаните потсетуваат дека се работи за децениски проблем, кој го загрозува здравјето на 800 жители и над 200 деца, кои се само во нивните три села, но не се заштитени ни граѓаните на Куманово и селата од скопскиот регион по течението на реката Пчиња.

    „Проблемот е долгогодишен и голем, но синоќа ескалираше, а никој не реагира. Чадот нема да престане во наредните 10 дена, затоа што не се гаси, се обидуваат со земја да ги затрупаат, но тоа оди споро. Бараме да дојде директорот, да разговараме и да најдеме заедничко решение, а тоа е целосна дислокација на ова ѓубриште, нешто што го бараме 40 години. Ова е само почеток, како месна заедница и население нема да се повлечеме од нашите барања. Не може ние да се иселиме, наместо да се тргне депонијата“, вели Иван Вукановски, член на м.з. Пчиња. 

    Во синоќешниот голем пожар биле зафатени и неколку ниви околу депонијата. 

    „Ми изгоре јачмен од 2-3 хектари, со што ми е предизвикана штета од околу 7-8 илјади евра. Благодарени на жителите од село Пчиња, со трактори и друга механизација беше локализиран пожарот. Цела ноќ дежуравме за да не се зафати поголема површина, бидејќи од огнената стихија летаа најлони и парчиња од дрво и плaстика кои го ширеа пожарот“, вели Ивица Симоновски од  селото Студена Бара.

    Жителите бараат од  локалната власт да го контролира работењето на депонијата која е надвор од сите стандарди, за да не доаѓа до вакви еколошки катастрофи.

    Директорот на ЈП „Чистота и зеленило“ Ненад Стојановски, тврди дека пожарот не е предизвикан од депонијата туку однадвор, и дека не е точно дека интервенирале само селаните, туку реагирале и тие навремено со сиот технички и човечки потенцијал, таму била и техничката директорка, поради што пожарот е навремено локализиран и спречен да се прошири.

    „Имам информации дека пожарот не е настанат на самата депонија туку 500 метри под депонијата, во една нива, и има индиции дека е подметнат. Кои се причините треба да утврди МВР. Бидејќи пожарот е изгаснат сега се трупа со земја, чадот не се гасне со вода. Јас ги разбирам жителите на Пчиња дека депонијата им предизвикува проблеми, но тој проблем не можеме да го решиме ние како препријатие. Таа ќе постои се додека не профункционира депонијата во Свети Николе, што е обврска на Министерството за животна средина“, изјави Стојановски, која најави дека ќе се постави обезбедување на депонијата и ќе побара од државните институции да помогнат.

    Тој ги повика жителите да го одблокираат влезот на депонијата, бидејќи решение на проблемот може да се постигне само со дијалог и соработка.

    Денеска на терен излегоа инспектори од Секторот за животна средина на Општина Куманово кои направија вонреден инспекциски надзор, при што констатирале дека има запалување на депонијата и ќе му наложиле на ЈП „Чистота и зеленило“ во рок од 7 денаа да ги преземат мерки да се спречи понатамошно ширење на пожарот, а со тоа да се спречи загадувањето на воздухот и да се заштити здравјето на луѓето.

    Жителите најавија дека протестот ќе продолжи по 16 часот се до решавање на проблемот, и нема да дозволат да се изнесува ѓубрето од Куманово.