×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • (ВИДЕО) Ставен под контрола пожарот на депонијата „Краста“, густ чад се шири од ѓубрето

    18.06.2024 11:38 | Сузана Николиќ

    Ставен е под контрола големиот пожар што синоќа ја зафати депонијата Краста, но се уште тлее ѓубрето, поради што целиот регион е обвиткан во густ чад.

    Пожарот, кој избувна синоќа околу 22 часот , а ставен е под контрола околу 3 часот по полноќ , од вработените во ЈП „Чистота и зеленило“, месното население и противпожарната екипа.

    „Доколку не се мобилизиравме ќе изгореше целотот поле и ќе дојдеше до куќите во селата. Алармиравме уште пред три дена дека постои опасност пожарот да се прошири, но никој не не слушаше, ни велеа дека ситуацијата е под контрола. Сега состојбата е повеќе од алармантна, пожарот е изгаснат ама се гушиме во густиот дим, нема изгледи дека брзо ќе се реши состојбата, единствено ако заврне“, вели Александар Илиевски, претседател на месната заедница на селото Пчиња. 

    Поради густиот чад месното население од селата Пчиња, Студена Бара и Вакв денеска го блокираа влезот на депонијата Краста, и не диозволуваат да се изнесува сметот од градот. Тие се револтирани затоа што никој од надлежните не дошол во текот на ноќта, иако биле повикани претставници од локалната самоуправа, советници, пратеници.

     

    (ВИДЕО) Ставен под контрола пожарот на депонијата „Краста“, густ чад се шири од ѓубрето