Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Два дена протестираа вработените во ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово, кои работата на собирање и изнесување на сметот, незадоволни од условите во кои работата и односот кон нив.
Тие се жалат дека работат под голем притисок без почитување на работното време и смените. Поради тоа решиле да го изразат својот револт јавно.
„Не е исправна механизацијата, немаме утврден распоред, не прераспределуваат од едно на друго место на половина, работа не тераат да одиме на друго место. Не се почитуваат смените, чекаме да дојде еден камион, па да излезе друга екипа на терен, кај да идеме во 8 сатот навечер каде нема осветлување. Немаме доволно работници, онаму каде треба да има по три работника во тим не ставаат по двајца“, набројуваат во еден здив повеќе од насобраните.
Тие велат дека камионите кои ги има претпријатието не го примаат и мелат сметот, па затоа во последните неколку месеци и нередовно се собира ѓубрето во градот. Ги обвинуваат раководителите дека не се придржуваат на веќе утврден распоред од понеделник до петок, а и секоја екипа оперира на многу голем терен, па се во постојана трка со времето.
„Ќе дојдеме и седиме до 12, додека не најдат возило, а после не тераат да работиме до вечер. Не се плаќа прекувремена работа, додаток на плата имаме само за ноќна работа. Од Ајдучка чешма не праќаат во Сопот, на пример, ќе се јават во понеделник соберете таму и таму, а реонот е на распоред во среда, со што ни заостанува работата според однапред утврден план, не можеме да постигнеме. И за тоа сме само ние виновни“, истакнува Абази Севдаи, со речиси 15 години работен стаж.
Работниците кои се повеќе годишен работен стаж, тврдат дека никогаш не било полошо во претпријатието. Зголемен е обемот на работа, намален број на работници, работат за минималец, К15 го примаат на рати, а работат во нехумани и тешки временски услови. Тврдат дека и за време на летните горештини не се почитувале мерките на Владата за заштита на анселението и работеле и во најтоплите часови од денот.
Се обидовме да се слушнеме со директорот Ненад Стојановски, за да ги провериме наводите на работниците, и да дознаеме дали овие дав дена се изнесуваше сметот, но до објавувањето на тектот тој не одговори на нашите повици.
Денеска протестот бил прекинат, откако работниците добиле последна опомена дека ќе добијат отказ, ако не се вратат на работа. Заканата се однесува на 37 вработени затоа што не го најавиле протестот кај надлежните, а не излегле на терен.
Според синдикалните претставници на ЈП „Чистота и зеленило“ прекинат е протестот и постигнат е договор со директорот. Собирањето на смет во Општина Куманово ќе продолжи по утврдената динамика.