Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Вработените во техничките служби на Општа болница Куманово денеска излегоа на мирен протест, затоа што не добиле зголемување на платата од 10 отсто како што било договорено.
„Платата на медицинскиот кадара на два пати се покачува за по 10 насто, а за нас кои спаѓаме како технички персонал не ни следува покачување. Се чувствуваме омаловажени, затоа што ни беше ветено покачување од 10 проценти и нам. Добивме информации дека и во Клиничкиот центар Скопје и во другите болници се исплатени покачувањата само, тука кај нас нема ништо“, истакна Боривоје Младеновиќ-болничар, претставник на болничарите во синдикатот.
Во техничката служба во кумановската болница има околу 150 вработени, и тоа: болничари, сервирки, хигиеничари, но и дел од службениците во административните служби. Тие тврдт дека зголемувањето им е од 90 до 400 денари.
Тие тврдат дека болничката правна служба го пресметува минималецот на 14. 400 денари, и дека коефициентот не им е покачен. Сметаат дека се потценети иако си работат чесно, а им доцни исплата за недели и празници.
„Работам повеќе од 40 години, и не знам по која основица сум платена. Зошто имам доплата на минималец, јас сум со 5-ти степен на стручна подготовка. Јас не сум со ниско образование, вработена сум со решение со високо образование, имам одговорност на работно место, имам стаж“, изјави Менка Кузмановска, вработена во болничката кујна.
Претставниците на репрезентативниот синдикат во Кумановската болница сметаат дека службите нема зошто да протестираат и дека не се точни наводите за толку ниски примања. Коефициентот и кај нив е покачен, па основицата им е некаде околу миналецот, а ново покачување се очекува да добијат во март.