×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Протестираа здравствените работници од Општа болница, Здравствен дом и Центарот за јавно здравје во Куманово

    22.02.2023 14:12 | Ивана Алексовска

    Здравствените работници од Општата Болница, Здравствен дом и Центарот за јавно здравје во Куманово денеска се приклучија на штрајкот, кој го организираат Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита на Македонија.

    Протестираа здравствените работници од Општа болница, Здравствен дом  и Центарот за јавно здравје во Куманово

    Тие со получасовниот протест во дворот на установите го изразија своето незадоволство поради доцнењето на платите и непотпишување на колективниот договор за покачување на платите.

    „Беше подадена рака уште во мај минатата година, иако не остваривме средба со премиерот. Денеска сме тука сите заедно од администрација до лекари. Доколку ништо не се смени, за понатамошното делување ќе одлучи советот на Самостојниот синдикат“,  изјави Сузана Атанасовска, претседателка на синдикатот во Куманово.

     Здравствените работници се жалат дека со зголемување на минималната плата, не е направно линеарно зголемување на нивните плати и бараат тоа да се направи во најкраток можен рок.

    „Со мирен протест излеговме да укажеме на неколку работи, а тоа е дека сакаме навремено земање на плата, второ договорот што требаше да биде потпишан за зголемување на платите на медицинскиот персонал, 3.000 бруто односно 2.000 денари нето на основица на плата, веќе три месеци се одолговлекува. Бараме тоа што е договорено во најкус можен рок да биде изреализирано. Секако дека и другите барања коишто беа предизборно ветени за зголемување на платата во здравството, не е спроведено ништо. Со новите измени Синдикатот ќе биде маргинализиран и нема активно да учествува во одлучувањето и во исплатата на плати а колективниот договор ставен по страна, што значи дека сите додатоци, како дежурства и празници ќе биде ставен под еден голем знак прашалник. Тоа не е добро за ниту еден здравствен работник и бараме Владата да излезе во пресрет на ниште барања“, рече Слаѓана Илиева.

    Протестот траеше половина час за време на паузатат за доручек, поради што здравствената заштита на пациентите се одвиваше непречено.