Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Пензионерите ги преместија своите протести на Градскиот плоштад во Куманово, со цел за да станат повидливи, да се анимираат нивните колеги и да се собираат во поголем број.
Барањата остануваат исти, а договорено е да се продожи со протестите еднаш нделно.
„Следниот петок, во 10 часот, повторно ќе се собереме на Градскиот плоштад, и ќе продолжиме така се до исполнување на нашите барања кои се доставени до раководството на Здружението. Покрај другите, не отстапуваме од барањето за линеарно покачување на пензиите и нивно усогласување со минималната плата“, истакна Виолета С.
Забележливо беше присуство на луѓе кои за првпат се придружуваат на протестот,но масовноста не е драстично зголемена.
Барањата што ги застапуваат се: изјаснување на актуелното раководство дали ги подржува и се приклучува кон започнатите активности за заеднички настап пред државните органи, донесување на одлука од средствата на сметка на ЗПК да се издвојат и поделат линеарно по 1000 денари како еднократна помош на пензионери со ниски примања, односно на вкупно 5 илјади од нив најдоцна до 15 септември, да се отпочне процедура за промена на Статутот на локалното здружение, да се донесе одлука за ревизија на финансиското работење на ЗПК во последните 5 години, вклучувајќи ја и тековната,која ќе ја направи независна ревизорска компанија.
Протестите се уредно пријавени во СВР Куманово.