×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Противпожарната единица нема доволно кадар

    21.05.2012 13:00 | KumanovoNews

     На Светскиот ден на пожарникарството беа споменати реалните проблеми со кои пожарникарите се соочуваат. Возила има доволно, но недостигаат професионалци. Противпожарната единица во градот има 28 вработени, но по светските стандарди треба да има педесетина луѓе.

    Противпожарната единица нема доволно кадар

    Нови вработувања засега не се очекуваат, но вработените велат дека подмладок им треба бидејќи повеќето се луѓе со навршени 50 години. Овие пожарникари опслужуваат голема територија , бидејќи покрај Куманово ги покриваат општина Липково и Старо Нагоричане.

    Во Старо Нагоричане имаат противпожарна служба со едно возило, но тие немаат број на кој можат да ги повикаат граѓаните. Тие се претежно обучени за гаснење на шумски пожари, а за се останато интервенираме ние. Или ако нас ни јават им пренесуваме дека во нивна близина има пожар. Пред овие дождови имаше пожари скоро секој ден - изјави Свето Стојановски, командир на смена.

    Противпожарната единица во Куманово има девет исправни возила кои се оддржуваат и сервисираат.

    Денот го одбележуваме скромно. Со опрема сме снабдени иако може да биде и подобро, бидејќи имаме потреба од опрема која е неопходна за високите згради. Најмногу ни фали човечки кадар. Ни треба подмладок, ни требаат професионалци- истакна Часлав Јовановиќ, секретар на Противпожарен сојуз Куманово.

     Драган Димковиќ од Дирекција за заштита и спасување вели дека шумските пожари ги гаснат со цистерни, користат пумпи со вода, вклучуваат резервен и активен состав.

    По повод Светскиот ден на пожарникарството средношколци делеа флаери во кои беше потенцирано дека шумите мора да се зачуваат и беше испишан бројот 193 . Настанот го организираа Противпожарен сојуз на Македонија, противпожарна единица од Куманово, Дирекција за заштита и спасување и локалната самоуправа.

    Во Македонија првата противпожарна бригада е оформена во Битола во 1836 година. Во Куманово противпожарна единица постои од 1932 година и е формирана на иницијатива на Владимир Чолниќ, офицер од Словенија. Прв претседател на кумановската пожарна служба бил Милан Стојановиќ. Тогаш пожари се гаснеле со рачни пумпи останати од турската управа, со песок, со земја. Претходно чистачите биле задолжени за локализирање на пожари.