Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре и задутре (четврток и петок) ќе прска против крлежи во парковите и зеленилото во градот. Третманот ќе се врши во 5 часот наутро, по што прсканите површини ќе бидат видно обележани.
„Целта на третманот е спречување на ширење на заразни болести, каде како вектори се јавуваат крлежите. Со овој третман ќе бидат опфатени јавно-прометни зелени и цветни површини во градот, со акцент на зеленилото покрај градскиот кеј, плоштадот и парковите. Третираните површини ќе бидат видно обележени и не се препорачува престој на површините како за луѓе, така и за животни, особено непосредно по извршувањето на третманот. Доколку временските услови не дозволат да се спроведе дезинсекцијата, тогаш истата ќе биде одложена за наредниот ден“, соопштуваат од Општина Куманово.