Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Првата фаза од изградбата на железничката пруга од Куманово до Бељаковце, со должина од 31 километар ќе биде завршена до октомври 2024 година. Инвестиција од 40 милиони евра, а прогресот на изградбата е според динамчкиот план, кажа министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, при вчерашната посета на Куманово.
„Изградбата на железничка пруга на источниот дел од Коридор 8 е инвестиција од преку 700 милиони евра и чекор напред во развојот на железничка мрежа во Северна Македонија. Со огромна поддршка од Транспортната Заедница, со соседите Албанија и Бугарија како и Италија успеавме овој Коридор 8 да го ставиме на главната мапа на европски коридорди и токму поради тоа огромно е значењето овој коридор да биде доизграден, како на железничката оска така и на патната мрежа.Северна Македонија има само една опција, а тоа е европската перспектива“, изјави министерот Бочварски.
Тој вели дека важноста на проектот е уште поголема од причина што Европската Унија дава силна поддршка за изградба на овој Коридор како услов за ефикасно регионално поврзување, а Владата покажала силна одлучност да ја започне најголемата инвестиција во железницата.
Во имплементирањето на она што е предвидено според договорот е стигнато некаде до половината што се однесува на првата фаза.
„Станицата Ново Куманово е една од тритте, и уште шест нови подстаници кои се градат на овие 31 километар од првата фаза, а во Куманово ќе биде и спојот на Коридор 8 и Коридор 10. Напоредно се работи и на втората фаза од изградбата на пругата од Бељаковце до Крива Паланка“, истакна директорот на МЖ Инфраструктура Зоран Трифуновски.
Втората фаза, од Бељаковце до Крива Паланка во должина 34 километри исто така се работи со потребната динамика и за таа делница државата вложува 155 милиони евра.До крај на годината ќе биде распишан и јавниот повик за изградба и на третата фаза односно од Крива Паланка до граничниот премин Деве Баир,инвестиција од преку 550 милиони евра.