Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
МКК Куманово славеше против Шкупи во Скопје, со конечен резултат од 57:83.
Победата е сосема заслужeнеа, екипата на Шкупи само накратко, во првото полувреме ја имала предноста на теренот. Веќе на почетокот на втората четвртина кумановци имале двоцифрена разлика во поените, а до крајот на натпреварот во ниту еден момент не била доведена во прашање победата. МКК Куманово прв пат остварува победа на гостински терен, а најуспешен на теренот бил Урош Луковиќ со постигнати 22 поени. Моментално се наоѓа на седмото место на табелата, со вкупно освоени 12 поени.
Пораз со само еден гол разлика доживеа Машкиот ракометен клуб Куманово на гостувањето во Прилеп со резултат 32:31. Натпреварот се играше во рамките на 13 коло во македонската Супер лига, а локалниот ракометен тим останува на 9-тото место на табелата со освоени шест бода.
На почетокот на мечот кумановци играа доминатно и забележаа резултата од 5:11, но РК Прилеп успеа да постигне пет погодоци, без да прими ниту еден гол. На полувреме беше нерешено, 14:14. Во вториот дел од натпреварот, МРК Куманово имало 1 до два гола негатива, но до крај не успеале да го свртат натпреварот во своја корист. Најефикасен играч на мечот бил Дарио Симоновски, со постигнати 10 гола.
Женскотот ракометно првенство мирува поради учество на репрезентацијата на Европското првенство во Унгарија.
(фото. архива)