×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Прва реприза на претставата „За кого бијат камбаните“ утре во Центарот за култура

    10.05.2023 11:31 | Оливера Пешевска

    Претставата „За кого бијат камбаните“, по текст на Ернест Хемингвеј, во режија на Мартин Кочовски, утревечер публиката може да ја  погледа во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово. 

    Прва реприза на претставата „За кого бијат камбаните“ утре во Центарот за култура

    „Публиката мора да го прифати овој формат и ова претстава затоа што треба веќе да престанеме да размислуваме дека театарот е само забава.Во театар не мораш да идеш само да се смееш, треба малку да се посветиме и на вакви дела. Бидејќи мислам дека со тоа ни падна малку нивото, постојано форсирајќи некои евтини забави, така и животот ни стана. Тоа не е баш така едноставно, треба и публиката да вложи малку напор“, изјави Горан Илиќ, по претставата.

    Во претставата играат: Александра Михајловска, Александра Пешевска, Антонио Димитриевски, Владо Дојчиноски, Горан Илиќ, Давид Илиќ, Дубравка Киселички, Жарко Јовановиќ, Нина Максимова, Кети Дончевска-Илиќ, Мирослав Петковиќ,а им се придружуваат и тројца млади кадри како гости: Мишо Димитријевски Шипе, Јанка Лефкова и Чедомир Митевски.

    Преставата започнува во 20 часот. Билетарата работи секој работен ден од 10-14 и од 17-20 часот. Може да се направи и резервација на 078/208443.