Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во центарот на градот спроти трговскиот центар Гарнизон утринава во пет часот пукнала водоводна цевка при што уништила една продавница и го оштетила тротоарот.
Вработените во „Мице-дракстор„ велат дека се слушнала експлозија, по што тие излегле надвор мислејќи дека се работи за земјотрес.
Плочките на подот се погиднаа, а преку отворот се појави голем млаз на вода.Јас бев на крај на продавницата, кај компјутерот и од водата едвај излегов. Колегата мислеше дека е земјотрес и истрча надвор. Внатре беше како вулкан. Ја исклучивме струјата веднаш за да не дојде до поголема катастрофа. Викавме од “Водовод“ да дојдат и да ја запрат водата - вели еден од вработените.
Од силниот притисок, водата го оштетила и тротоарот, па фризидерот за сладолед пропаднал во направената дупка.
Сопствениците кажуваат дека е направена голема матерјална штета, која допрва ќе ја утврдат.
Вработените од ЈП“Водовод“ велат дека проблемот настанал бидејќи пукнала главната водоводна цевка. Тие објаснуваат дека дефекти постојано се случуваат и не можат да се предвидат. Се очекува до крајот на работната смена дефектот да биде саниран.