Пукната цевка го намали притисокот на вода
02.12.2014 14:36
| KumanovoNews
Поради дефект на цевководот по кој Куманово се снабдува со вода, во централното градско подрачје притисокот на вода е намален.

Од јавното претпријатије “Водовод“ велат дека нивни вработени се на терен и до крајот на денот проблемот ќе биде решен.
“Отежнато е снабдувањето со вода од синоќа во центарот на градот. До вечер проблемот ќе се реши, цевководот ќе се санира и водоснабдувањето ќе се стабилизира„ - велат од “Водовод“.
Граѓаните кои живеат на улица “Доне Божинов“ се пожалија во нашата редакција дека имаат проблеми со водоснабдувањето.