×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Пуштена вода во фонтаната „Батко Ѓорѓија“

    17.07.2023 17:58 | Оливера Пешевска

    Фонтаната кај споменикот „Батко Ѓорѓија“ на Градскиот плоштад Куманово е наполнета со вода, а во наредните денови ќе биде ставена во функција и фонтаната  „Три бандери“.

    Пуштена вода во фонтаната „Батко Ѓорѓија“

    Откако Кумановоњуз пред неколку дена пишуваше дека украсните фонтани на градскиот  плоштад, и кај економското училиште „Перо Наков“, на пола лето уште не работат, туку стојат суви, полни со смет, зараснати во треба и со застојана вода, надлежните веднаш реагираа.

    „Имаме барања за пуштање на двете, поново изградени фонтани „Батко Ѓорѓија“ и „Три бандери“. Едната веќе работи, а втората ќе се наполни најдоцна за ден-два. Поради оштетување на електричните кабли во старата фонтана пред осмокатница, нема да ја вклучуваме ова година“, изјави директорот на ЈП „Водовод“ Оливер Стојмановски.

    Фонтаната пред осмокатницата има оштетувања и на безенот, па ќе мора да биде целосно реконструирана пред да да проработи. 
              
    Во градот непрекинато во текот на целата година работат 10-тина фонтани - чешмички за вода,  а посебно се води грижа тие да бидат во функција на граѓаните во текот на жештините.

    „Чешмите работат непрекинато, тие се за граѓаните и си функционираат како треба. Најголем проблем имаме со чешмата кај Соколанскиот парк, тука често се оштетува делот од кој тече водата и до сега во изминатиот месец имаме над 6 интервенции. Се работи за механички, најчесто намерни оштетувања од страна на несовесни граѓани. Претпоставуваме дека се работи за деца или младинци затоа што често наоѓаме парчиња од страни тела во механизмите кои го затвораат дотокот на водата или оштетуваат некој друг дел“, објаснува Стојмановски.

     Екипите на ЈП "Водовод“  денеска работеа на санирање на дефекти на водоводната мрежа на неколку локации во градот. Работниците се трудат да ги завршат работите во најкус можен рок, за да нема проблеми со водоснабдувањето.

    „Тука сме меѓу два огна. Знаеме за препораките да не се работи на отворено по 11 часот. Но, од друга страна и жителите, кај што има одреден дефект, не можеме да ги оставиме без вода, посебно на температури какви што имаме деновиве. Екипите кои интеревенираат се искусни, за среќа, не се работи и за некои големи дефекти, па бргу се завршува роботата и се нормализира водоснабдувањето“, додава директорот.

    Денеска се интервенираше на дефекти на ул. Братство и Единство (сектор Џамија), на ул. Никола Тесла,  а на  ул. 144 во нас. Карпош се работеше на детектирање на дефект на водоводна мрежа и негова поправка. Во работните активности е и оспособување на фонтаните.