Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во основното училиште “Дитурија“ во село Липково денеска беше пуштена во употреба спортска сала.
Внатре учениците ќе изведуваат настава по физичко. Владиниот проект за изградба на 145 спортски сали се реализира во сите општини во Македонија. Според надлежните ова е пример за успешна соработка меѓу централната и локалната власт за подобрување на условите за образование.
Ова е втора сала во липковско, која се протега на површина од 650 метри квадратни. За оваа спортска сала се издвоени 23 милиони денари или 430.000 евра финансирани од Министерството за образование и наука во соработка со општина Липково“ - рече Абдулаќим Адеми , министер за образование.
Спортската сала ќе биде повеќенаменска, но пред се ќе ја користат 430 - те учениците за часовите по физичко образование.
Ние се залагаме за да изградиме услови многу подобри од оние кои вчера ги имале децата. Ние преферираме да бидеме дел на Европа, а во Европа се бараат стандарди во во сите области и во политиката и во образованието“ - изјави Али Ахмети , претседател на ДУИ
Оваа е втора изградена спортска сала во општина Липково, по онаа изградена во село Слупчане.