×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Работат за викенд и празник без пари

    28.02.2014 10:42 | KumanovoNews

    Прекувремената работа не се евидентира никаде и не се плаќа, а работниците никој не ги штити, па работодавецот може да прави и да ускратува што сака, велат од Синдикатот

    Работат за викенд и празник без пари

    Работниците од приватниот сектор во градот се почесто се жалат дека газдите го злоупотребуваат нивниот труд и не им плаќаат прекувремена работа за викенд и празници. Оваа појава особено е изразена во чевларските и текстилните фабрики, каде платите се најниски, а парите од дополнителната работа завршуваат во џебовите на газдите. Работниците немаат храброст да се спротивстават на немилосрдната експлоатација и да ги пријават газдите во надлежните инспекциски служби, а не се ни синдикално организирани.

    Од почетокот на годината во Регионалниот синдикат Куманово стигнаа 7 поплаки од работници, дел поединечни, а дел групни. Тие се жалат дека се експлотирани од газдите, а платите се нередовни. Во текстилната и чевларската индустрија работат за празници и прекувремено за што не добиваат надомест. Таа работа не се евидентира никаде и не се плаќа. И да сакаме ние не можеме да ги заштитиме работниците бидејќи не се наши членови. Поради тоа работодавецот, условно кажано, може да прави што сака и да им скрати многу работи. Најкарактеристични се обраќањата за условите за работа кои се катастрофални,- вели Гордана Бошковска, правен застапник во Регионален синдикат.

    Бошковска објаснува дека за нивните членови спогодбено со газдите се трудат да ги решат проблемите, а работникот многу ретко се решава да го тужи работодавецот бидејќи постапката повлекува многу трошоци.