Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во просториите на “Порака наша“, утре во 9 часот ќе се оддржат работилници на темите “Предрасуди и стереотипи“ и “Карактеристички и специфичности на ранливите групи“.
На работилниците поканети се наставници и ученици од основните и средните училишта, претставници од локалната самоуправа, од стопанска комора, невладини организации, волонтери, едукатори од Дневен центар за лица со интелектуална попречност до 18 години и други. Работилниците имаат за цел да ја подобрат работата со корисниците и тие што подобро да бидат прифатени во средината.
Предавачи ќе бидат едукаторите Светлана Димитриевска и Дејан Стојановски кои се стекнаа со сертификати за тренер во рамките на проектот "Поттикнување на социјална инклузија и инклузивен пазар на труд".