Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Невладината организација Реактор организира работилница на тема “Влијанието на жените во политиката на локално ниво во Македонија“, во просториите на општина Куманово во понеделник во 11 часот.
На трибината ќе бидат презентирани наоди од студија на оваа тема, која ја изработи невладината организација. Целта на работилница е да се оцени нивото на зголемување на учеството на жените во политиката, нивното влијание воопшто врз политиката и конкретно врз родовата еднаквост. Дали жените имаат моќ за промени, дали имаат влијание врз тековите на јавните политики и како. Кои се предизвиците со кои се соочуваат, како се разликуваат од мажите во политиката и што треба да се направи за да се постигне еднаква родова застапеност.