Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре со почеток во 10 часот, ќе се одржи работилница за здравствена заштита на пензионерите.
На работилницата ќе присуствува директорката на ФЗОМ, Маја Парнаџиева Змејковска и претседателот на Сојуз на здруженија на пензионери на Македонија, Драги Аргировски. Работилницата ќе биде интерактивна, така што присутните пензионери ќе можат да се информираат за сите новитети од областа на здравствената заштита кои државата ги нуди.