Работник падна од кров
21.08.2012 06:15
| KumanovoNews
Милорад Ристовски (54) од Куманово вчера паднал од кров додека работел на куќа на ул. „АВНОЈ„ во Куманово.

Несреќата се случила предпладне околу 10 часот, додека мајстори го поправеле кровот. Во еден момент Милорад изгубил рамнотежа и паднал од неколку метри височина. Колегите притрчале да му помогнат и со возило на брза помош повредениот е пренесен во кумановската болница. Поради сериозноста на повредите и во бесознание работникот итно го префрлиле во скопските клиники.
Полицијаата извршила увид и работи на откривање на причините за нереќата.