Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Полициски службеници од СВР Куманово вчера ги лишиле од слобода Р.И.(18), Ф.А.(19), А.Д.(20), К.Г.(18), А.Т.(18), А.В.(18), А.С.(20), А.Б.(23) и Л.С.(19), сите од Куманово и кумановско, а на службен разговор биле повикани и тројца малолетници од Куманово.
„Тие се сомничат дека на 14.11.2022 на улицата „Карл Маркс“ во Куманово со тврди предмети му го оштетиле возилото на Б.Ш. (20) од Куманово, по што тој во обид да избега предизвикал сообраќајна незгода удирајќи во паркирано возило. По целосно документирање на случајот против сите лица ќе следуваат соодветни пријави“, соопштува МВР.
По преземени мерки било констатирано дека станува збор за недоразбирање без никакви меѓуетнички елементи. СВР Куманово апелира до медиумите за професионално и точно информирање без шпекулации околу причините за инцидентот.