×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Расипана станицата-не се мери загаденоста на воздухот во Куманово

    25.12.2013 16:11 | KumanovoNews

     Додека во другите градови секојдневно се објавуваат параметри за загаденоста на воздухот и се преземаат мерки за негово намалување  во Куманово никој не го актуелизира овој проблем

    Расипана станицата-не се мери загаденоста на воздухот во Куманово

    Кумановци незнаат каков воздух дишат, бидејќи станица за мерење на квалитетот на воздухот веќе неколку години е  расипана. И додека во другите градови секојдневно се објавуваат параметри за зголемена концентрација на токсични материи во воздухот и се преземаат мерки за намалување на загаденоста, Куманово како да е на друга планета. Никој од надлежните институции и невладините организации не го актуелизираат ова прашање, ниту пак сакаат да зборуваат на оваа тема. Побаравме мислење од Центарот за јавно здравје и од Секторот за животна средина во Општина Куманово, од каде се прогласија за ненадлежни за мерење на загаденста на воздухот во градот, затоа што тоа било работа на Министерството за животна средина.

    Од министерството потврдуваат дека мерната станица сместена во кругот на болницата подолго време не работи, бидејќи нема резервни делови и затоа нема податоци дали и колку е загаден воздухот во Куманово.

    Граѓаните се револтирани од ваквиот однос кон нивното здравје.

    Срамота е најголемата општина во државата да нема мерна станица. Во Скопје за секоја населба има податоци за загаденост на воздухот, исто како и во многу помали гратчиња во државата. Ние не знаеме што вдишуваме иако сме свесни дека има голема загаденост. Куманово има над 30 илјади автомобили на многу мал простор, голема фреквенција на сообраќај и речиси сите домаќинства се грејат на два. Секое попладне густ смог паѓа над градот и тоа е показател дека воздухот е загаден-вели еден наш сограѓанин.

    Во градовите најголеми загадувачи се индустриските капацитети, автомобилите и домаќинствата.

    Домаќинствата се загреваат на дрво, дури користат пластика, гума и тоа го загадува воздухот. Важен е и квалитетот на дрвото. Подобро  е да се користат суви дрва, затоа што влажните чадат и го загадуваат воздухот. Сонцето и ветерот доведуваат до поголема циркулација на воздухот, а со тоа и до прочистување - велат од Министерството за животна средина.

    Екологистите сметаат дека сите поголеми градови во земјава треба да имаат добро организиран градски,  јавен превоз и функционални патеки за велосипедисти се во интерес на здрава животна средина и почист воздух.