×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Раскопани тротоарите и дел од улицата „Народна Револуција“, граѓаните револтирани

    02.10.2023 12:46 | Оливера Пешевска

    И по реконструкција на дел од улицата „Народна Револуција“ останаа раскопани тротоарите, поради што граѓаните се жалат дека не можат да се движат по нив. Раскопана е и улицата на влезот во Сколанскиот парк.

    Раскопани тротоарите и дел од улицата „Народна Револуција“, граѓаните револтирани

     „Не можеш да поминеш ни сам, а камоли да прошеташ внуче во количка. Не се поминува, ако успееш да го изодиш или извозиш тротоарот, нема никакви шанси да поминеш улица, има ровови веднаш до рабницитe. Во најдобар случај ќе се скрши тркалцето на количката, ако не ногата“, вели наша повозрасна сограѓанка, пензионерка.

    Таа се жали и на паркираните возила и комбиња кои, исто така, го попречуваат движењето на пешаците. Најголем револт, по нејзино кажување, е инертноста на надлежните и одговорните, додерка граѓаните се душат во прашина.
     
     „Ма раскопано е и лево по улиците и сокаците, дури до Славиша Вајнер. И никој ништо не знае, не кажува, како ќе се раскопа и растури така се остава, со месеци се влечат работите. Ако не можат да ги завршат до крај поарно и воопшто да не почнуваат, вака велат нешто направиле, а практично 100 работи растуриле. За правот и песокот во домовите нема ни да коментирам“, револтирано истакнува нашата соговорничка.

    Градоначалникот Максим Димитриевски вели тротоарот го раскопала фирмата Македонски Телеком за да постави кабли. Тие веќе интервенирале до нив и побарале во најскоро време да го поправат тротоараот по целата должина на Народна Револуција, за што добиле ветување дека тоа ќе го сторат откако ќе завршат градежните работи.

    Оваа сообраќајница е доста фреквентна, води до средното училиште Наце Буѓони, Интернатот, до Градските гробишта, го поврзува и селото Пчиња и околината со градот.

    Според законот, секој кој изведува градежни зафати или интервенции на јавни прометни површини по завршување на работата мора да ги врати во првобитната состојба. 

    Општина Куманово реконструираше само дел од улицата, откако ЈП „Куманово гас“ постави инсталација на улиците Народна Револуција, Перо Шварц и Перо Чичо, а продоложено е по улицата „Тонко Димков“ се до училиштето „Наце Буѓони“ и Интернатот и улица Биљановска.

    До конечно решевење на проблемот, граѓаните ќе прескокнуваат дупки внимавајќи да не се повредат. Реагираат до медиумите, но веќе не очекуваат брзо и ефикасно разрешување на проблематичните сообраќајни точки. Самите велат дека поучени од искуството кај нас за се е потребно двојно повеќе време.