×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Распишан конкурсот за изложбата „Скици 2022“

    30.09.2022 11:13 | Сузана Николиќ

    Центар за култура “Трајко Прокопиев“ го рапиша јавниот повик на учество на уметници на проектот „Скици 2022“, кој има за цел да го промовира цртежот на академските уметници од Куманово.

    Распишан конкурсот за изложбата „Скици 2022“

    „На овој конкурс учество можат да земат сите академски уметници кои работат на територијата на Општина Куманово со највеќе 3 цртежи, при што организаторот по направената селекција не е обврзан сите да ги вклучи во изложбата. Изложбата не е тематска а исто така слободен е и изборот на техниката во која ќе се изработуваат цртежите. Ограничен е само форматот кој не треба да е поголем од 100х70 см“, соопштуваат од Центарот за култура.

    Рокот за пријавување е до 21 ноември, а сите заинтересирани можат да се информираат за дополнителни податоци, на телефонот на организаторот 031/415-099. Лица за контакт Зоран Арсовски, Миранда Фазлиу и Роберт Цветковски.

    Изложбата избраните дела ќе се одржи во првата половина на декември во НУ Центар за култура “Трајко Прокопиев“ - Куманово.

    Проектот се реализира со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија.