Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од минатата недела започна пријавување за најголемото признание на градот Ноемвриската награда.
Конкурсот ќе трае до почетокот на идниот месец, по што Комисијата за манифестации, празници и доделување на награди ќе одлучи кој годинава ќе ги понесе признанијата.
Доделуваме награди за поединци, организации и фирми од Куманово кои со своето работење и делување дале допринос за поубав и поквалитетен живот во градот. Секој што е заинтерсиран за наградата може сам да се пријави или тоа за него да го стори група на граѓани кои сметаат дека ја заслужува наградата - вели Александра Георгиевска претседател на Комисијата за манифестации празници и доделување на награди.
Пристигнатите пријави и публикации ќе ги разгледува петчлена комисија од Советот на Општината Куманово.