×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Расте бројот на заболени од грип, пријавени нови 168 случаи во кумановско

    06.02.2025 14:32 | Оливера Пешевска

    Со пријавени 168 нови случаи на грип активноста на вирусот во Куманово е висока во петата недела од годинава. 

    Расте бројот на заболени од грип, пријавени нови 168 случаи во кумановско

    Од Институтот за јавно здравје информираат дека од почетокот на сезоната, до сега на територијата на Куманово, Липково и Старо Нагоричане се забележани вкупно 860 случаи на грип и заболувања слични на грип, од кои 648 од почетокот на годината.

    Според возрасната дистрибуција најголем број од инфицираните се на возраст од 15 до 64 години, потоа децата од 5 до 14 години, оние постари од 65 години, а најмалку заразени има кај доенчињата и малите деца до 4 години.

    Лекарите препорачуваат заболените да останат дома, да не посетуваат работа или училиште и било кои места каде има поголема концентрација на луѓе. Препораките се да се конзумира лесна храна и многу течности, да се зголеми дневниот внес на свежи продукти со висока концентрација на витамин Ц, редовно проветрување на просториите, често миење на рацете со топла вода и сапун. За постарите од 65 години или лица со хронични болести советот е да се посети матичниот лекар и да не се користи терапија и други препарати на своја рака.

    За зајакнување и одржување на имунитетот кај здравите лица се препорачува топло и слоевито облекување, топли бањи, користење на топли напитоци и супи, зголемен внес на витамин Ц, како и редовна психичка и физичка активност и избегнување на стрес.

    Во Македонија до сега се вакцинирани повеќе од 70 илјади лица кои спаѓаат во ризичните групи- лица постари од 65 години, деца на возраст од 6 до 59 месеци, хронично болни, бремени жени и здравствени работници. Од комерцијалните вакцини кои се на располагање на граѓаните кои не спаѓаат во ризични групи дадени се 1.917 дози.