×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Две недели пред истекот на мандатот разрешено раководството на Здружението на пензионери

    01.03.2023 15:35 | Оливера Пешевска

    Нa денешната последна седница на Собранието на Здружението на пензионери Куманово разрешени се досегашните функционери, претседателот Благе Јакимовски и потпретседателот Ѓорѓи Лититаров, додека секретарот Гордица Бошковска поднела оставка пред Извршниот одбор во текот на вчерашниот ден. Новите избори се закажани кон средината на март, кога 35 делегати ќе изберат нов претседател, потпретседател и Извршен одбор на Здружението.

    Две недели пред истекот на мандатот разрешено раководството на Здружението на пензионери

    На денешната седница избрана е три члена комисија, која ќе ги спроведе изборите по конститутивната седница на собранието за две недели.   

     „На последната седница на Собранието донесена е одлука за усвојување на годишните извештаи за работата на здружението и изгласано е разрешување на  досегашниот претседател, потпретседател и секретар на Здружение на пензионери Куманово. Конститувната седница ќе се оддржи кон средина на март, а избрана е комисија од 3 члена која ќе работи на подготовки за спроведување на редовни избори на здружението“, изјави Назим Емини, актуелен претседател на Собранието.

    Неофицијално, сменетото раководство смета дека постапката е тенденциозна за да се дисквалификуваат како идни кандидати и изјавија дека немаат намера веќе активно да учествуваат во било кој орган на здружението.

    Мандатите на идните делегати ќе се верификуваат или не, на изборно конститутивната седница во март.

    Превирањата во кумановското здружение започнаа пред околу еден месец, откако беа изнесени обвинувања за злоупотреби на финансиски средства поради незаконски зголемени хонорари на функционерите во здружението. СВР Куманово поднесе и кривична пријава за Б.Ј. откако констатираше дека спротивно на Статутот на здружението и Одлуката на Собранието на здружението од 19.02.2016 година за сума од 60.000 денари го оштетил буџетот на Здружение на пензионери Куманово. 

    Раководството се бранеше дека направиле ненамерна грашка, које е искористена да се дискредитираат нивните членови и да се превземе здружението од нивните противници.