Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Конференцијата ќе бидат презентирани Стратешкиот и Акциониот план за развој на туризмот во СИПР 2011 – 2016 година, електронската база и повеќеслојните мапи на природните и културно-историските туристички ресурси на СИПР.
Утре во Куманово ќе се одржи Регионална конференција за развој на туризмот во Североисточниот плански регион. На Конференцијата ќе бидат презентирани Стратешкиот и Акциониот план за развој на туризмот во СИПР 2011 – 2016 година, електронската база и повеќеслојните мапи на природните и културно-историските туристички ресурси на СИПР, како и: студиите за оптимално користење на природното богатство и културно – историското наследство на СИПР во туристички цели.
Исто така, ќе бидат презентирани и промотивните матерјали за СИПР, изработени во склоп на проектот Создавање на предуслови за основа за развој на туризмот во Североисточниот плански регион - ФАЗА I.
На Конференцијата ќе говорат градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, претседател на Советот на Североисточниот плански регион, Џемаил Елмази, директор на Бирото за Регионален развој на РМ и Младен Протиќ, раководител на Центарот за развој на Североисточниот плански регион.
Проектот Создавање на предуслови за основа за развој на туризмот во Североисточниот плански регион - ФАЗА I е финансиран од Министерство за локална самоуправа (Биро за регионален развој) преку Програмата за атрактивни плански региони 2009 и Програмата за рамномерен и одржлив регионален развој 2009.
Проектот е управуван од Центарот за Развој на Североисточен плански регион, а е имплементиран од страна на Конзорциумот формиран помеѓу Идеја О.К. и Балкан Девелопмент Солутионс БДС.
Конференцијата ќе се одржи во хотел “Хармонија” Долно Коњаре, Куманово, со почеток во 10.30 часот.