Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во последните 24 часа направени се 1.375 тестирања, а регистриран е еден нов случај на ковид-19 од Куманово.
Пријавени се вкупно 3 починати лица: по едно лице од Куманово (55г), Тетово (61г), и Гевгелија (80г). Од пријавените, сите лица се починати во болнички услови.
Регистрирани се 204 оздравени пациент од: Скопје – 77, Куманово - 25, Охрид – 19, Битола – 11, Струмица – 9, Тетово и Кичево – по 7, Прилеп – 6, Гостивар, Штип и Струга – по 5, Велес и Радовиш – по 4, Кочани и Кратово – по 3, Кавадарци, Свети Николе, Ресен, Крива Паланка, Виница и Демир Хисар – по 2, Гевгелија и Македонска Каменица - по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 815.893 тестирања на ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.418, бројката на оздравени пациенти е 149.496, на починати е 5.458, а бројот на активни случаи изнесува 464.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 68567, Активни 221
Куманово 8845, Активни 39
Прилеп 8311, Активни 32.