×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Eдно труење со алкохол и зголемен број на повици за респираторни заболувања, новогодишен биланс во Брза помош

    03.01.2023 12:32 | Оливера Пешевска

    Во текот на новогодишната ноќ и првите два дена во новата година зголемен е бројот на повици на пациенти кои имаат проблеми со дишењето. Од Итната медицинска помош во Куманово велат дека тоа се должи на променливото време и загадениот воздух.

    Eдно труење со алкохол и зголемен број на повици за респираторни заболувања, новогодишен биланс во Брза помош

    Во новогодишната ноќ регистриран е еден случај на труење со алкохол, се работи за 30-годишен маж.

     „Во дневникот е запишана само една интервенција за интоксикација со алкохол, нема забележан случај на малолетници. Нема ниту повредени од петарди, тепачки или сообраќајни незгоди. Но,  многу е зголемен бројот на повици на пациенти со хронични болести на респираторниот тракт, особено на оние со астма“, изјави д-р Фахљуме Нуредини, од Итната медицинска помош во Куманово.

     Докторката додава дека загадениот воздух, магловитите денови и влажноста на возухот не погодуваат за заболените од респираторни болести, па препорачува кратко проветрување на домовите, да не се излегува надвор и што пократко задржување на отворено. Особено ова да се почитува во најинтензивниот период на денот и редовно да се зема препишаната терапија. 

    Од СВР Куманово велат дека и тие имале мирен новогодишен викенд, без поголеми инциденти или тепачки.