×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реконструирана полициската станица на граничниот премин "Пелинце"

    19.06.2023 18:52 | Оливера Пешевска

     Во пресрет на туристичката сезона и зголемениот обем на работа реконстуирана е полициската станица на граничниот премин „Пелинце“ на македонско-српската граница.

    Реконструирана полициската станица на граничниот премин "Пелинце"

    Реконструкцијата чини 617 илјади денари, а средствата ги обезбедила Меѓународната организација за економски развој во соработка со Македонското полициско здружение ИПА.

    „Преминот од денеска ќе функционира со две нови рампи со далечинско управување, нов канцелариски мебел, нови јарболи и знамиња, реконструирани се подовите и електрична  инсталација во објектите.  Тоа значително ќе ги подобри условите за работа во однос на предходниот период, бидејќи објектот е преземен од АРМ во 2004 година.  Колку се важни условите за работа на полициските службеници, толку е важбна и услугата која тие ја даваат на граѓаните и нивната безбедност“, кажа министерот Оливер Спасовски, кој денеска го граничниот премин. 

    Граничниот премин "Пелинце", ја поврзува нашата држава со соседна Србија преку граничниот премин "Прохор Пчински", и најмногу се користи во време на туристичката сезона кога има големи гужви на преминот "Табановце". Најчесто го користат туристи од Србија, кои преку транзитираат кон Грција, но и граѓани на Куманово.  

    Во 2022 годиина преку овој граничен премин влез и излез во државата оствариле 194.435 патници, од кои само во туристичката сезона 145.940 патници биле домашни и странски државјани. 

    Од почетокот на годината до 16. јуни годинава преминот го користеле 30.609 патници, и се очекува дека ќе се зголемува нивниот број како наближува сезоната на годишни одмори.
     
    Министерот кажа дека досега се реконструирани 80 објекти на МВР, бидејќи заложбата на актуелното раководство е да се подобрат условите за работа на полициските службеници.