×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реконструирана училишната спортска сала во „Христијан Тодоровски Карпош“ во Драгоманце

    12.02.2021 11:48 | KumanovoNews

    Заврши реконструкцијата на училишната спортска сала во ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ с. Драгоманце.

    Реконструирана училишната спортска сала во „Христијан Тодоровски Карпош“ во Драгоманце

    Проектот се реализира преку Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) Скопје, а средствата во висина од 1.517.591 денари се обезбедени од Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) со учество и поддршка на локалната заедница во износ од 510.796 денари. Градежните работи почнаа во октомври 2020 година.

    „Објектот има комплетно нов современ изглед, ставени се нови ПВЦ-врати и прозорци, отстранети се старите слоеви на ѕидовите, променет е кровот, ставена е термичка фасада, нови подови и осветлување и две помошни простоии кои ќе служат како соблекувални“, - изјави директорката Анета Станковиќ Јанковска.

    Објектот се наоѓа во училишниот двор, беше потполно нефункционален и создаваше грда слика. Сега со реконструкцијата се создадоа нормални услови за реализација на часовите по физичко и здравствено образование и простор каде учениците ќе се рекреираат и културно ќе се докажуваат на сите спортски, културни манифестации и приеми што ги организира училиштето.

    На пуштањето во употреба на спортската сала присуствуваше градоначалничка на Општина Старо Нагоричане и претставници од надлежните институции вклучени во реализацијата на проектот.

    (С.Н.)