×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реконструирани полициските станици во Старо Нагоричане и Ранковце

    23.07.2021 08:45 | Сузана Николиќ

    Заврши реконструкцијата на објектите во кои се наоѓаат полициската канцеларија во Старо Нагоричане и полициското одделение во Ранковце. 

    Реконструирани полициските станици во Старо Нагоричане и Ранковце

    Направена е целосна реконтрукција на кровот, сменети се вратите и прозорците, инсталирано е парно греење, изградени се нови тоалети и нова фасада.

    „Овие две полициски станици покриваат огромна територија, иако станува збор за мирни општини во кои нема нарушување на безбедносната состојба. Објектите во кои што се наоѓаат беа во многу лоша состојба. Новиот работен простор ќе биде мотивација и за вработените полициски службеници, но и за граѓаните од двете општини“, изјави министерот Оливер Спасовски.

     Тој најави дека полиската канцеларија во Старо Нагоричане ќе стане одделение, односно ќе се врати како што некогаш било,  затоа што е зголемена фрекфенција на луѓе и сообраќај, бидејќи во општината се наоѓаат повеќе туристички локалитети, но и зголемена е изградбата на викенд куќи.

    На ниво на државата досега се реконструирани вкупно 58 објекти на МВР, а во тек е реконструкцијата на СВР Куманово, ОВР Крушево, ОВР Прилеп, Полициско одделение Чашка.