×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Реконструкција на вооружена престрелка го блокираше градот

    23.09.2010 15:20 | KumanovoNews

     Судско - полициски екипи од  Куманово денеска напладне вршеа реконструкција на случај од пред 13 години, кога во престрелка во центарот на градот беа повредени четири лица.

    Реконструкција на вооружена престрелка го блокираше градот

     Реконструкцијата е наложена од второстепениот суд, а треба да објасни одредени нелогичности што настанале по изјавите учесниците и сведоците во случајот. Во јули 1997 година вооружената пресметка се случила пред кафуле спроти градската Пошта, откако чичкото на Бајруш Сејдиу се скарал со двајца негови противници и започанале да пукаат. Потоа пристигнал Бајруш со неговиот џип во придружба со двајца роднини. Од пукањето на сите страни две лица од спротивниот табор и двајца случајни минувачи биле повредени. Бајруш Сејдиу пред судот негирал дека учествувал во пресметкат, па поради што не беше присутен на реконструкцијата.

      Работата на суските екипи траеше два часа и напладне го блокираше центарот на градот, поради што граѓаните се загрижија дека повторно се случило нешто лошо.