×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Рекордна посетеност на Музејот Куманово за Денот на независноста

    09.09.2022 11:29 | KumanovoNews

     Голем интерес за посета на културно – историските споменици и локалитети во Куманово, откако музеите ги отворија вратите за домашните и странски посетители по повод Денот на независноста на Македонија.

    Рекордна посетеност на Музејот Куманово за Денот на независноста

    Околу 200 граѓани вчера ја искористиле можноста бесплатно да го видат културното наследство на градот.  

    „Особено не радува фактот што меѓу граѓаните постои интерес и љубопитност за подобро запознавање со историското и културното наследство на градот и на државата. Имавме над 100 поситетиле на постојаната музејска поставка во НУ Музеј Куманово, а по 50-тина посетители на Меморијалниот центар АСНОМ и на мегалитската опсерваторија Кокино. Десетина заинтересирани имаше и за спомен куќата на Христијан Тодоровски – Карпош“, изјави директорката Мери Николиќ.

     Вообичаено во Музеј Куманово поголема посетеност има на локалитетот Кокино, додека за другите објекти по десетина посетители месечно, ако не се сметаат организираните посети на учениците.

    Директорката Николиќ вели дека по овој огромен интерес размислуваат да воведат бесплатна посета за сите ученици и студенти еднаш неделно, со што на младите ќе им го приближат нашето историско и етнолошко наследство, а истовремено ќе им ја претстават и музејската работа, за да имаат увид со што се занимаваат кустосите и другите вработени во музеите.   

    Покрај вонредните активности поврзани со одбележување на вчерашниот празник, Музеј Куманово продолжуваат со редовната работа и реализација на проекти за пошироката јавност.

    О.Пешевска