Ревија на кратки филмови на „ФИЛМАЈ“ во „Герила кафе“
18.05.2023 08:41
| KumanovoNews
Вечера во 20 часот во „Герила кафе“ во Куманово ќе се одржи ревија на кратки филмови од први четири изданија (2019-2022 година) на Фестивалот на краток филм - „ФИЛМАЈ“ во организација на фото - кино клуб "Козјак".

Пред посетителите ќе бидат прикажани 8 кратки филмови, а влезот е бесплатен за сите посетители.
„Ревијата ќе е загревање за петтото издание на Фестивалот на краток филм - „ФИЛМАЈ 2023“, кој ќе се одржи на 30 и 31 мај во 20 часот, во Занаетчиски дом - Куманово“, информираат организаторите .