×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ревија на носии од Горновардарскиот и Кумановски регион во Центарот за култура во Куманово

    11.11.2023 19:33 | Оливера Пешевска

    Ревија на носии од Горновардарската етнографска целина се одржа синоќа во фоајето на Центарот за култура во Куманово. На ревијата беа  прикажани празнични носии од Скопска Црна Гора, Скопска Блатија, Скопски Дервен,Горни и Долни Полог, селата од Сува гора, а беа опфатени и етничкиот предел Средорек - Жеглигово и Славиште, односно кумановскиот регион.

    Ревија на носии од Горновардарскиот и Кумановски  регион во Центарот за култура во Куманово

    „Со тие носии ние уметниците настапуваме, со сценско-уметнички проекти како што се ревии и слично и со задоволство ги оддржуваме во живот. Дел од нив се во оригинална форма, дел се копии“истакна организтор на Ревијата Дени Синадиновски,етнокореолог.

    Носиите се во сопственост на професорот д-р Владимир Јаневски, кој е ментор на етнокореолозите и професор на Музичката академија на Универзитетот Гоце Делчев, поточно на Катедрата за етнокореологија. Јаневски подолго време е на терен од каде ги собира овие традиционални носии и има богато искуство со нив.

    Минатата година Синадиновски работел на Шопско-брегалничката географска целина, а ова година на Горновардарската. Традицоналната носија се носела во секојдневието, на куќните слави, на имендените, на селските и црковни слави, на свадбите, на крштевките и други свечени настани, но преку празничната носија се истакнувал свечениот тон на определен празник или настан. Празничното облекување кулминирало за време на најголемиот верски празник Велигден и на селските слави, кога во тие денови, без оглед на возраста, секој се облекувал во најубавата и најбогато украсена традиционална носија.

    Настанот е организиран во соработка со Ансамблот „Македонија“, од Музичката академија на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

    Проект е дел од годишната програма на Центарот за култура, а поддржан од страна на Министерството за култура, како проект од национален интерес на културата за 2023 година.