×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ревија на рачно изработен накит од Александра Јовановска

    27.04.2023 07:04 | Оливера Пешевска

    Во Занаетчискиот дом во Куманово вечерва во 19.30 часот ќе се одржи модна ревија  на накит изработен од Александра Јовановска.

    Ревија на рачно изработен накит од Александра Јовановска

    Посетителите ќе имаат можност да видат уникатни парчиња на обетки, нараквици, брошеви и венчиња за коса изработени од    стаклени каменчиња во боја, кои се дел од колекцијата на модниот бренд Карас.

    „Рачно изработувам накит од 2020 година, но со ова се занимавам уште како дете. Ова е можност да се претставам пред пошироката јавност, да ги видат моите креации, но и да го почувствувам каква е заинтересираноста“, изјави Александра Јовановска, креатор и сопственик на брендот.

    На ревијата ќе има модели на фустани од креаторката Викторија Џимревска, а како соработници се јавуваат неколку фирми од градот и тие ги обезбедуваат чевлите, шминката и фризурите на манекенките за целокупен визуелен ефект.

     Промоцијата на колекцијата за 2023 година ќе има продажен карактер и сите посетители ќе можат да добијат 15% попуст на избраните артикли. Влезот е слободен за сите заинтересирани.