Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинскиот кризен штаб вчера донесе одлука за ревалитизација на водоводната и фекалната мрежа, на двете улички каде се изведувани вооружени дејствија во населба Тоде Мендол.
“Старата канализациона и водоводна мрежа на повеќе места е пробиена и искршена, односно нефункционална и постои опасност од нивно излевање при користење и епидемии како и други заразни болести. Од страна на Општинскиот кризен штаб донесена е препорака до градоначалникот на град Куманово, за барање на средства од Влада на РМ од буџетот за изведување на повеќе санациони проекти на инфраструктура по местата каде се водени борбени дејства“ - стои во соопштението од РЦУК.
Должината на мрежата која треба да се ревитализира е 200 метри.