×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ристо Бошков нов претседател на Здружението на пензионери Куманово

    23.03.2023 13:41 | Сузана Николиќ

    Ристо Бошков е избран за нов претседател на Здружението на пензионери Куманово. На денешното Изборно собрание тој едногласно ја  доби поддршката на делегатите да го води здружението во наредните четири години. За потпретседател е избран Стојан Арсовски, а за претседател на Собранието е реизбран Назим Емини од Липково.

    Ристо Бошков нов претседател на Здружението на пензионери Куманово

    Новото раководство вети дека ќе се бори и ќе работи на обединување на членството, за рамноправен третман на секој пензионер, како и за подобрување на условите за живот во третото доба.

    „Прво да се заблагодарам на моите колеги што ми дадоа поддршка, ова е голема привилегија, но уште поголема обврска и се јас надевам дека ќе ја оправдам довербата. Основно за што ќе се залагам е на нашето здружение да се врати угледот и местото кои што го заслужува, и пак да биде најдобро во државата. Потоа, ќе насочиме кон основните принципи кои се наведени во нашиот статус, а тоа е дружење, рекреација, екскурзија, култура и спорт, за да членовите почувствуваат дека не се заборавени. Сите заедно ќе се бориме пензионерите да бидат рамноправни со пензионерите во Европа, а тоа значи по навршена 70-годишна возраст да имаат бесплатно здравство, пред се лекови и престој во болница. Само со исполнување на овие услови ќе ја постигнеме целта“, смета новиот претседател Бошков, кој е поранешен офицер во АРМ.

    На собранието беа избрани и членови на Извршен и Надзорен одбор и Одбор за статут и правни прашања.