×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Кумановчани се храбри и очекувам да го дадат гласот за „Коалицијата Храбро за Македонија“, кажа Ристовски

    22.04.2024 11:20 | KumanovoNews

    Коалицијата Храбро за Македонија на ГРОМ, Интегра и ПЦЕР вчера беше во Куманово, каде на граѓаните им порачаа дека со храброст се носат промени во Македонија.

    Кумановчани се храбри и очекувам да го дадат гласот за „Коалицијата Храбро за Македонија“, кажа Ристовски

    „Тоа што ја разликува нашата коалиција од останатите учесници на изборите е храброста. Ние храбро се спротивставуваме против сите обиди за назадување на македонскиот интерес во нашата татковина, храбро се спротивставуваме во оваа кампања на сите обиди на секој екстремизам од дома и од надвор да го тргне македонскиот народ од државната позиција во Република Македонија“, рече лидерот на Интегра Љупчо Ристовски и додаде дека коалицијата стои на зборот, зашто нема колебливост како кај ВМРО-ДПМНЕ.

    „Храброста е одлика што ја немаат во ВМРО-ДПМНЕ ниту кај останатите политички конкуренти. На едната страна имате понуда која што е колеблива, во еден период говорат едно, во друг периосд говорат друго, нивното ДА никогаш не останало ДА, секогаш преминало во НЕ, нивното НЕ секогаш преминувало во ДА, оттука немаме доверба во нивните ветувања дека ќе го сочуваат македонскиот национален интерес во Македонија во пеирод којшто претстои“, рече Ристовски.

    Според него, ако им се даде доверба на ВМРО-ДПМНЕ, тие во рок од шест месеци ќе влезат со уставни измени заради притисокот од ДУИ и албанскиот екстремизам. Македонскиот народ може да биде излажан.

    „Затоа е оваа коалиција да ви каже храбро, внимавајте на кого го давате гласот. Коалицијата Храбро за Македонија ако каже дека нема да има уставни измени додека не се затвори македонскиот национален стратегиски интерес, нема да мрднеме ниту милиметар од таа позиција. Тие се обидоа да ни ги заостраат односите со нашиот традиционален и трговски партнер Србија, тоа не смее да се дозволи, наместо да градиме мостови на пријателство со сите тие ги урваат основите на соработка и со Грција и со Бугарија, а сега со Србија, и на ова рековме НЕ“, нагласи Ристовски.

    Оваа Коалиција мора да ја добие довербата на нацијата, Кумановчани секогаш биле храбри и во Првата и во Втората Светска војна, тие храбро застанаа на браникот на антифашистичкиот фронт, очекувам дека Кумановчани ќе бидат храбри и на овие избори ќе го дадат гласот на храбри луѓе, додаде претседателот на Интегра, Љупчо Ристовски.

    Тој најави многу нови проекти и инвестиции.

    „Нашите контакти во странство, со нашето искуство ќе донесе нови инвестиции во овој регион, геотермална спа зона е идеална за овој регион, бројни старечки домови, инфраструктурата ќе донесе многу проекти во хотелскиот бизнис, дајте шанса на Коалицијата која има бројни партнерства со бројни инвестициски фондови надвор, ќе отвориме нов економски циклус и ќе се подигне стандардот на населението. Богата и просперитетна Македонија е нашата визија“, рече тој.

    На средбата со грађаните се обрати и Марта Куковска, коносител во ИЕ2 на Коалицијата Храбро за Македонија.

    „Чувствувам голем јад, причината е што голем број пријатели се иселени во странство. Розовата слика на кумановскиот градоначалник за овие граѓани е црно-сива. Подобриот живот го бараат во други држави, подобро образование, подобро здравство, еднакви можности за вработување врз основа на квалитет, а не врз основа на партиска припадност“, рече Куковска.

    Има и друга важна група на луѓе кои работеле во Ирак и Авганистан, тие се тука дојдени, спремни се да инвестираат многу пари за да го развијат градот но наидуваат на многу пречки, на наповолна бизнис клима, на корумпирани политичари кои чекаат само провизии, со тоа Куманово губи многу работи места. Ние во изборната програма се обврзавме да ги стимулираме домашните претпријатија и да нудиме даночни олеснувања“, рече Куковска.