Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во одводени случаи, вчера во Кумановската полиција се пријавени двајца професори дека нападнале ученици додека биле на училиште, а насилство од родител пријавил и еден од наставниците.
„Во 17.00 часот во СВР Куманово, 27 - годишен вработен во основно училиште во Куманово пријавил дека во угостителски објект бил физички нападнат од едно лице кое му се заканило и со остар предмет, поради претходно недоразбирање со ученик од училиштето. Подоцна, во 21.05 часот, 40-годишен кумановец пријавил, дека во основното училиште во кое учи неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот“, соопшти МВР.
Во третиот случај, во 17.30 часот во СВР Куманово, 41-годишен кумановец пријавил дека во основното училиште во Куманово во кое учи неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг наставник.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.