Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Со настапот на српскиот пејач Адил Максутовиќ и пет оркестри од регионот, синоќа започна 18-издание на меѓународниот фестивал „Рома Труба Фест“.
Фестивалот се одржува на Градскиот плоштад и трае два дена, а го отвори претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевски.
„Поминаа првите 18 години од Рома труба фест, Советот и во иднина ќе продолжи да дава поддршка во континуитет на една ваква, значајна манифестација за градот. Значи нема да ве оставиме сами, како што ги пуштаме нашите деца на полнолетсвото. Ансаблот на народни ромски игри и песни „Рушит Шакир“ од Куманово со вој фестивал најдобро го отсликува мултиетничкиот карактер на градот“, изјави на отворањето Ивана Ѓеорѓиевска,претседателка на Советот.
Првата фестивалска вечер настапија оркестрите „Пиротски трубачи“ и „Сложни браќа“ од Пирот, Србија, Исидор Зечировиќ од Бојник, Србија и оркестарот „Бертан“ од Штип. Круна на вечерта беше концертот на Адил Максутовиќ од Србија популарен пејач, омилен кај публиката.
За втората фестивалска вечер најавени се „Силви бенд“ од Скопје, оркестарот на Демир Кантуровски од Берово, оркестарот на Кристијан Азировиќ од Србија,„Браз Бенд Ромален“ од Бугарија и оркестарот „Браз Фантази Левис“ од Виница.
Фестивалот се одржува под покровителство на Министерството за култура и Општина Куманово.