Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Амбасадорот на Романија, Јустинијан Фокша денеска ја посети општината Куманово, и разговараше со градоначалникот за економска и културна соработка на градовите од двете држави.
Амбасадорот и градоначалникот, средбата ја искористиле за продлабочување на постоечките односи во сферата на образованието и назначувањето на почесниот конзул.
Нашите разговори беа во насока на она што го работевме во изминатиот период, бидејќи со Романија имаме добри односи. Разговаравме за нашата соработка со градовите со кои сме пријатели, како училиштата партнери од Романија и реализацијата на заеднички проекти со цел да се подобри квалитетот на образованието.Се надевам дека на следната средба со амбасадорот ќе разговараме и за конкретни проекти од областа на економијата "- рече градоначалникот Дамјановски.
Амбасадорот Фокша ја истакна одличната соработка помеѓу двете држави и додаде дека денешната средба ја користи за промоција на почесниот конзул во Куманово.
"Се надевам дека со поддршка на локалната администрација и по решевањето на технички прашања ќе го промовираме почесниот конзул доктор Алириза Османи"- рече амбасадорот.
Конзулатот ќе биде насочен кон активирање на трговските, економските, културните и научните врски на општините од Гостивар до Крива Паланка.