×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Руле - Турс„ организира попусти и изненадувања за своите редовни патници

    25.01.2023 19:21 | Сузана Николиќ

     Компанијата за домашен и меѓународен патнички превоз „Руле - Tурс“ од Скопје, подготвува големи попусти и изненадувања за своите редовни патници и клиенти. 

    „Руле - Турс„ организира попусти и изненадувања за своите редовни патници

    За укажаната доверба и непрекината соработака, а по повод 30-годишната од нејзиното работење, компанијата сака со посебни поволности да им се заблагодари на сите патници кои во континуитет ги користат нивните услуги на релацијата Куманово - Скопје. 

    „Од таа причина оваа година, почнувајќи од денеска за нашите верни патници кои ќе извадат три последователни месечни карти, значи три месеци по ред, на релација Куманово - Скопје и обратно, четвртата карта ќе биде со 30 отсто попуст. За останатите наши патници кои редовно патуваат со дневни карти со нас, од следната недела ќе ги откриеме новите изненадувања. Продолжуваме да патуваме заедно“, порачуваат од „Руле - Tурс“.

    Компанијата има долга традиција во своето работење, надополнета со квалитетна и професионална услуга, која гарантира пријатно патување на секоја дестинации на која сообраќаат нивните висококвалитетни автобуси. 

    „Руле Турс“ како агенција за превоз на патници одржува линии во рамките на земјата и надвор од неа. Нуди патнички превоз секојдневно до градовите Куманово, Тетово, Кратово, Пробиштип, Злетово, Велес, Неготино, Гевгелија, Богданци и Дојран.

    Автобуската станица во Куманово е на „Руле-турс“, е во сопственост на компанијата и секојдневно е во функција на патниците, заради квалитена и навремена услуга.