Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во основното училиште „Крсте Мисирков„, по повод патрониот празник денеска се оганизираше, манифестацијата Саем на креативноста.
Учениците од прво до осмо одделение, поставија двaесетина штандови на кои ги претставија науките што ги изучуваат во наставниот процес.
Ги имаме опфатено сите области прилагодени на возраста на учениците. Најмалите ја покажуваат нивната креативност во организирање на роденденска забава, вреднa рака прави така, додека постарите направија спој на неколку науки. Предметот историја е во корелација со религијата, словенската историја со митологијата, а имаме изработено и макети со цели населби од старословенското населување на Балканскиот полуостров и Македонија, домашните миленичиња го претставуваат предметот биологија, итн. Значи опфатени се и предмените математика, географија, информатичката технологија, физика и хемија. Штандовите се поставени хронолошки во салата за да го задржат вниманието на посетителите- вели Светлана Младеновска, професор по историја .
Учениците со задоволство ја прифатиле идејата на професорите и работеле еден месец на проектот за да ја покажат нивната креативност во областа која што им била зададена.
Одбележувањето на патронатот на „Крсте Мисирков„ продолжува и утре со низа манифестации.