Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Градскиот плоштад во Куманово, денеска и утре се органзира Саем на мед. Со тоа Пчеларското здружение „Пчела“ се приклучува на прославувањето по повод 11 Ноември - Денот на градот.
„По октомвриската манифестација „Денови на мед“ повторно излегуваме пред сограѓаните за да ги презентираме своите производи и да ги направиме подостапни за заинтересираните. Имаме 15 пчелари, и тоа 13 од Куманово и двајца производители од Р. Србија. Акцентот е ставен на младите одгледувачи, кои се помалку од пет години во овој бизнис“ истакнува Бобан Стошевски, претседател на Здружението „Пчела“.
На саемот кумановчани имаат можност да се снабдат со мед и пчелни производи за да го зајакнат имунитетот пред сезоната на вируси и грип. Саемот се одржува од 10 до 18 часот.