×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Липковските брани имаат само 30 отсто вода

    02.02.2023 14:56 | Ивана Алексовска

    Браните Липково и Глажња, од кои Куманово се снабдува со вода за пиење, во моментов имаат само 30 отсто вода. Малите количини се должат на недоволните врнежи од дожд и снег во изминатиот период.

    Липковските брани имаат само 30 отсто вода

    Иако, во јануари вообичаено браните имаат од  50 до 60 отсто исполнетост на своите капацитети, моментално има само 9,8 милиони метри кубни вода.

    Сепак, од АД Водостопанство „Кумановско липковско поле“, кое стопанисува со двете акумулации смируваат и велат дека кумановци нема да останат жедни во текот на летото.

    „Досега имаше одредени врнежи од дожд кои не беа доволни да го зголемат количеството на вода во браните, но очекуваме да се поправи хидролошката состојба и да се покачи нивото на водата. Се надеваме дека дека до почетокот на сезоната  ќе има доволно вода како за пиење,  така и за наводнување на земјоделските површини“, вели директорот Оливер Илиевски.

    Тој посочува дека  во моментов се испорачуваат потребните количини на вода на ЈП „Водовод“, а во функција е ставен и т.н. „бајпас“, се со цел да се помогне на претпријатието, поради високата цена на електричната енергија.