×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Само 6 ученици позитивни на ковид -19 од досегашниот скрининг во училиштата

    04.11.2021 13:05 | Жаклина Цветковска

    Само 6 основци биле позитивни на ковид - 19, а 1317 ученици се негативни на тестот од спроведениот скрининг во основните и средни училишта во првите денови и од досега обработените податоци, информираат од  Министерството за здравство.

    Само 6 ученици позитивни на ковид -19 од досегашниот скрининг во училиштата

    Досега се тестирани 1323 ученици во средни и основни училишта на подрачјето на  , Куманово, Кочани, Штип, Велес, Скопје, Прилеп, Битола, Струмица, Тетово и Охрид, од кои 725 се основци од 1 до 9 одделение, а 598 се средношколци.

    Скринингот го вршат Центрите за јавно здравје во 496 средни и основни училишта на територија на цела држава.При детектирање на позитивен ученик, тие постапуваат согласно донесениот алгоритам за училиштата, во случај на појава на ученик со симптоми или сомнителен на вирусот. 

    „За поголем дел од Центрите за јавно здравје скринингот завршува утре, а по обработката на податоците Министерството за здравство ќе ја објави целосната анлиза со што ќе се добие генерална слика за присуство на вирусот ковид -19 меѓу учениците во училиштата“, велат од надлежното министерство.

    Оттаму  информираат дека во моментов во РСМ, 885 деца на возраст од 0-17 години, се активни, а 15 се позитивни на ковид -19. На Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле,  хоспитализирани се 19 деца на возраст од 9-16 години. Еден пациент е на кислород, а сите останати се со лесна клиничка слика. Ниту едно од хоспитализираните деца не е вакцинирано.

    Според податоците од националниот систем „Мој Термин“, досега во земјата 5800 деца на возраст од 12,13,14,15,16 и 17 години примиле една доза вакцина за ковид -19, а ревакцинирани се 4860 малолетници.