×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Само 7 домаќинства од населбите „Гоце Делчев“ и „Зелен Рид“ се пријавиле да селектираат отпад

    27.12.2022 16:22 | Сузана Николиќ

     Нема интерес кај граѓаните да се вклучат во пилот - проектот за селеција на отпад што минатиот месец го започна ЈП „Чистота и Зеленило“  во населбите „Гоце Делчев“ и „Зелен Рид“.

    Само 7 домаќинства од населбите „Гоце Делчев“ и „Зелен Рид“ се пријавиле да селектираат отпад

    Претседателката на Советот, Ивана Георгиевска кажа дека досега на оваа иницијатива се приклучиле само 7 семејства, кои во изминатиот месец собирале и селектирале отпад.

    „Мислам дека многу повеќе треба да се работи на подигање на јавната свест кај граѓаните. Никој не може да исчисти толку колку што ние можеме да извалкаме. Затоа треба да се продолжи со кампањи во кои ќе се вклучат и советниците и претставници од Општината“, кажа Георгиевска. 

    Координаторката на советничката група на коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ Елена Божиновска, побара акцијата да продолжи и во наредниот период, бидејќи придобивките за граѓаните се големи.

    Жителите на населбите „Гоце Делчев“ и „Зелен Рид“ од Куманово беа првите кои имаа можност да повратат дел од средствата доколку се приклучат на иницијативата „Селектирај отпад“. Проектот предвидува селекција на лименки, хартија и пластика, која се врши во специјални кеси за отпад кои можат да се подигнат во јавното претпријатие, а потоа селектираниот отпад се зема од домот на корисникот.  Оние што ќе предадат најмногу кеси со селектиран отпад ќе се рангираат да добијат награда од 2.000,  1.000 и  500 денари. Иницијативата ќе се спроведува до крајот на годината.

    Целта на пилот-проектот имаше за цел да ја подигне свеста кај граѓаните за селектирање на отпад и да се покаже грижа за околината и одговорност кон општеството.

    Слабата заинтересираност на граѓаните можеби треба да се бара во сложената постапка, која се оди преку мобилната апликација „Селектирај отпад“, па треба да се креира профил и  да скенира кодот на вреќичката, што е проблем за повозрасните жители.